Опис на проектот SmartWaterSave
Проектот SmartWaterSave е ко-финансиран од Европската Унија и од Национално учество на земјите учеснички, кадешто Општина Преспа – Грција е водечки партнер на проектот SmartWaterSave.
Вкупното времетраење на проектот е 24 месеци.
Неколку збора за проектот SmartWaterSave:
Водоснабдителните мрежи во прекуграничниот Преспа Парк се соочуваат со големи проблеми од загуби на вода во главно поради конструктивното влошување на водоводните цевки. Се претпоставува дека околу 50% од вкупната произведена вода е изагубена. Огромните количина на испумпана подземна вода доведуваат до зголемување на потрошувачката на енергија со цел да се испумпа и третира подземната вода.
Придобивката од проектот SmartWaterSave:
Придобивката од проектот SmartWaterSave е да се воведат иновативни технички методологии базирани на идејата на „Систем за надгледување, контрола и добивање податоци“ (SCADA), користејќи сензори за мерење на проток и притисок во реално време, а со тоа се промовира и економичен пристап кон постигнување значајно намалување на загубите на вода. Се очекува да се постигне ефективно управување со притисокот на водата во цевководите со цел да се намали ризикот за пукање на цевките и продолжување на работниот век на истите.
Главните цели на проектот SmartWaterSave вклучуваат:
[1] Мапирање на водоснабдителните мрежи со користење на Географски Информационен Систем (GIS)
[2] Хидрауличко моделирање на водоводните мрежи
[3] Поставување на сензори за мерење на проток и притисок во цевководите на пет места во Грција и четири места во ПЈР Македонија.
[4] Одредување на “жаришта” во смисла на регионализација на дефекти на цевките
[5] Пресметка на тековните загуби на вода, потрошувачка на енергија и емитување на стакленички гасови во населените места
[6] Разработна на три стратегии за управување со притисок базирани на промената на влезниот притисок во секоја водоводна мрежа
[7] Испитување на врската помеѓу влезниот пристисок и истеците на вода со користење на напредни статистички модели
[8] Нацрти и хидраулички испитувања за реконструкција на делови на мрежата кадешто има најголема загуба на вода
[9] Пресметка на заштеда на вода базирани на најфективната стратегија за управување со притисок
[10] Пресметка на заштеда на потрошувачката на енергија
[11] Пресметка на заштеда на емитување на стакленички гасови базирани на пресметката на индикаторот на Water Footprint
[12] Градежни работи за реконструкција на делови на мрежата кадешто има најголема загуба на вода
[13] Организација на работилници и семинари за презентација на резултатите од проектот на локалните заинтересирани страни и локалното население.